петок, 18 октомври 2024

Жесток напад на станбени згради во Лавов. Расте бројот на загинати (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Три лица загинаа“, рече градоначалникот Андриј Садови во објавата на својот канал на Телеграм. Тој додаде дека улицата ќе остане затворена додека работниците од итната помош не ги „исчистат остатоците и ги извлечат сите мртви“.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавуваат информации за зголемување на бројот на загинати, но тоа сѐ уште не е потврдено.

Садови во претходна објава рече дека осум лица се ранети, но не е јасно дали таа бројка ги вклучува и тројцата загинати. Тој рече дека се оштетени околу 60 станови и 50 автомобили.

Регионалниот гувернер Максим Козицки објави видео од 13 секунди на кое се гледа голема четирикатна станбена зграда на која ѝ недостасуваат делови од горните катови или се во урнатини.

Најавите на официјалните лица уследија по широко распространети воздушни предупредувања низ Украина и извештаи за крстосувачки ракети кои влегле во украинскиот воздушен простор. Садови извести за серија експлозии во градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ