петок, 18 октомври 2024

Жан Клод Мињон: Проблемот со името е смешен

Објавено на

часот

Сподели

Тој смета дека спорот за името спаѓа во таканаречените замрзнати конфликти меѓу земјите-членки на СЕ. За францускиот пратеник, кој доаѓа од редовите на Народните партии, проблемот со името е „смешен“ и „тој доаѓа од некое друго време“.

Новоизбраниот претседател на ПССЕ, претставувајќи ги приоритетите на неговиот мандат, истакна дека ПССЕ треба да игра поактивна улога во решавањето на т.н. замрзнати проблеми меѓу земјите-членки на Советот на Европа.

На новинарско прашање дали според него може во групата на „замрзнати конфликти“ да се стави и тој со името на Република Македонија, која е единствената земја во Советот на Европа што членува во него со привремено име и дали може да се очекува иницијатива за надминување на проблемот, Жан Клод Мињон одговори:

„Изумив да го споменам овој конфликт. Заборавив дека поминавме и му посветивме многу време на обидот да најдеме едно име за оваа земја. Проблемот навистина ми изгледа ’смешен’, извинете за изразот. Но, се разбира дека и тука треба да направиме нешто. Се разбира, во решавањето на овој проблем секој треба да се ангажира од своја страна. Ние добро ја познаваме поранешна Југославија и распаѓањето на федерацијата по смртта на Тито и сето она што се случи во сите републики. Тоа што денес имаме мака да ’најдеме едно име’ за една од тие поранешни републики ми изгледа како проблем што доаѓа од некое друго време. Јас заборавив да го споменам овој ’замрзнат конфликт’, но во суштина ние ќе треба да разговараме за него со надлежните власти“, изјави новоизбраниот претседател на ПССЕ, Жан-Клод Мињон.

Тој денеска со акламација беше избран за нов претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Жан-Клод Мињон е 26-ти по ред претседател на ПССЕ, шести од Франција, која по 23 години повторно има свој политичар на оваа престижна функција. Жан-Клод Мињон беше единствен кандидат за претседател и тој доаѓа од редовите на Народните партии и демохристијани – најголема во ПССЕ со 207 парламентарци. Досегашен претседател на ПССЕ беше турскиот парламентарец Чевлут Чавошоглу

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ