среда, 23 октомври 2024

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на туристичкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика во Атина.

Фото: ЕМСЦ

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот се случил во 7:02 часот по локално време во близина на пристанишниот град Палајохора, а епицентарот му бил на 18 километри под морското дно.

На овој поголем земјотрес му претходеа многу помали во регионот. Грчката агенција за цивилна одбрана соопшти дека нема информации за жртви или оштетени згради. „Го набљудуваме феноменот и сè уште не можеме да кажеме дали ова е главниот земјотрес“, изјави сеизмологот Герасимос Чулијарас за грчкото јавно радио ЕРТ.

Многу луѓе се разбудиле од земјотресот. Се почувствувал во големи делови на Крит, објави телевизијата. Африканската и европската плоча се спојуваат под морското дно јужно од Крит, предизвикувајќи силни земјотреси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ