„Купјанск, центарот на градот, музеј за локална историја. Терористичката земја прави сѐ за да нѐ уништи целосно. Нашата историја, нашата култура, нашиот народ. Убива Украинци со апсолутно варварски методи. Немаме право да заборавиме на тоа ниту една секунда. Мораме и ќе одговориме!
Засега се знае за загинат вработен во музејот, а десетмина се ранети. Сѐ уште има луѓе под урнатините. Отстранувањето на последиците од гранатирањето продолжува. Вклучени се сите потребни служби.
Вечен спомен на починатите и сочувство за блиските. Сите виновници за овие воени злосторства дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата и тоа ќе биде безмилосно“, напиша Зеленски.
Украинските власти на социјалните мрежи дистрибуираат видеоклип за кој се тврди дека е од местото на настанот и дека ги прикажува последиците од нападот.
Russia attacked Kupiansk, Kharkiv region with S300 rockets.
Five people reported wounded so far. There are people under the debris.
Rescue work continues.#RussiaIsATerroristState
?: Presidential office pic.twitter.com/sEc8tKv2Yi
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 25, 2023
„Русите од С-300 го гранатираа центарот на градот Купјанск во областа Харков. Тие го погодија музејот. Има луѓе под урнатините, веќе се знае за повеќе од петмина ранети“, напиша шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.
Today russians destroyed a museum in Kupyansk, Kharkiv region. Five people injured, two are still under rubble. pic.twitter.com/XLH7CA2oVN
— Ukrainian Art History (@ukr_arthistory) April 25, 2023