петок, 18 октомври 2024

Зеленски: Путин е тој што мора да се плаши. Мене сакаат да ме убијат само во Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да ја искористиме оваа ситуација за да го истиснеме непријателот од нашата територија и да ја извојуваме конечната победа“, рече Зеленски. Тој зборуваше и за контраофанзивата. „Секој километар чини животи, затоа сме внимателни. Секое делче од просторот каде што беа Русите е целосно миниран. Не смееме да брзаме, блиску сме, тие ја губат оваа војна и затоа сега се борат меѓу себе. Некој мора да биде обвинет за неуспехот“, додаде тој.

На новинарско прашање дали е во опасност и дали се плаши за својот живот, Зеленски одмавна со раката: „Поопасно е за Путин отколку за мене, искрено. Затоа што мене сакаат да ме убијат само во Русија, а него сака цел свет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ