четврток, 28 ноември 2024

Зеленски призна дека Украинците спроведуваат офанзива во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат призна дека неговата армија спроведува офанзива во западниот руски регион Курск.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во своето телевизиско обраќање доцна во саботата, Зеленски изјави дека украинската армија ја турка војната „на територијата на агресорите“, пренесува Би-би-си.

Претседателот ја даде изјавата пет дена откако Украина ја започна својата операција, која ја изненади Русија и поттикна масовна евакуација од двете страни на границата.

Во Украина, главниот град Киев и регионот Суми утринава беа под руски воздушни напади, соопштија официјални лица. Во Киев загинаа 35-годишен маж и неговото четиригодишно дете, соопшти украинската служба за итни случаи.

Уште тројца се ранети, меѓу кои и едно 13-годишно дете, се вели во соопштението објавено на апликацијата за пораки Телеграм.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рано утринава објави на Телеграм дека единиците за противвоздушна одбрана „оперираат“ и ги предупреди цивилите да останат во засолништа.

Во своето саботно обраќање, Зеленски им се заблагодари на украинските „воини“ и рече дека разговарал за операцијата во Русија со највисокиот воен командант на земјата, Олександр Сирски.

„Украина докажува дека навистина може да ја врати правдата и да го обезбеди потребниот притисок врз агресорот“, додаде тој.

Извештаите велат дека украинските трупи се закануваат да заземат регионален град додека се борат на повеќе од 10 километри во Русија – најголем напредок откако Москва ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Најмалку 13 лица се повредени, две потешко, во Курск во раните утрински часови во неделата, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот, Алексеј Смирнов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ