петок, 25 октомври 2024

Зеленски одбил да го прими Антонио Гутереш по самитот на БРИКС

Украинскиот претседател Володимир Зеленски според неименувани официјални извори во Киев, одбил да се сретне со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по самитот на БРИКС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата Франс прес објави дека Зеленски одбил да го прими во Киев генералниот секретар на ОН, кој претходно беше во Русија, на самитот на БРИКС во Казањ.

„По Казањ (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета“, поради „понижувањето“ нанесено врз меѓународното право во Казањ, изјави неименуван украински функционер, пренесе АФП.

Гутереш во средата пристигна во Русија, каде што присуствуваше на самитот на БРИКС во Казањ и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

„Од недела севернокорејските војници ќе почнат да се борат со украинските сили“

Севернокорејските војници од недела ќе почнат да се борат со украинските сили, изјави денеска Зеленски.

Тој апелираше до Западот дека е потребен „опиплив притисок“ врз Москва и Пјонгјанг поради „ескалацијата“.

„Според нашите разузнавачки служби, Русија на 27 и 28 октомври ќе ги употреби првите севернокорејски војници во борбените зони“, рече Зеленски на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ