вторник, 22 октомври 2024

Зеленски од украинскиот парламент бара продолжување на мобилизацијата и вонредната состојба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе во украинскиот парламент предлог за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација за уште 90 дена, пишува киевски Индипендент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски прв пат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја почна својата инвазија во Украина. Мерката од тогаш е повеќе пати продолжувана.

Украинскиот парламент претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од ноември 2023 до 14 февруари 2024, а со прифаќањето на предлогот на Зеленски мерките би се продолжиле до 14 мај. Ова ќе биде десетто изјаснување на парламентот за вонредната состојба од почетокот на војната, а датумот на гласањето сè уште не се знае.

Во условите на вонредната состојба, украинските мажи на возраст од 18 до 60 години, со одделни исклучоци, не смеат да ја напуштат земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ