Зеленски треба да се состане со британскиот премиер Риши Сунак.
„Денеска – Лондон. Обединетото Кралство е лидер кога станува збор за проширувањето на нашите можности на земјата и во воздухот“, објави Зеленски на Твитер.
„Оваа соработка продолжува денеска. Ќе се состанам со мојот пријател Риши (Сунак). Ќе водиме содржајни преговори лице во лице и со посредство на делегации“, додаде тој.
Зеленски последен пат беше во Лондон во февруари кога се состана со кралот Чарлс III. Тогаш украинскиот лидер му се обрати и на британскиот парламент.