понеделник, 25 ноември 2024

Зеленски нареди да се зајакне границата со Белорусија поради доаѓањето на групата Вагнер

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди денеска да се зајакне безбедноста на границата со Белорусија поради пристигнувањето на борците од паравоената група Вагнер во земјата.

„Со одлука на Генералштабот, на врховниот командант Залужни и на генералот Најев ѝм беше наредено да ја зајакнат границата со цел да се обезбеди мир“, изјави Зеленски во видеото објавено на Телеграм.

Тој изјави дека денеска украински и странски разузнавачки служби, како и граничари, го информирале за ситуацијата во Белорусија.

По неуспешниот бунт во Русија пред една недела, шефот на руската паравоена група Вагнер, Јевгениј Пригожин се согласи да замине во егзил во Белорусија благодарение на посредувањето на белорускиот претседател Александар Лукашенко, сојузникот на Москва.

По посредувањето на белорускиот претседател, борците на Вагнер имаа избор да заминат во Белорусија, да се пријават во редовната руска армија или да се вратат во цивилниот живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ