четврток, 24 октомври 2024

Зеленски најави одмазда: „Окупаторот мора да почувствува дека ова е украинска земја“ (ВИДЕО)

Украинските оружени сили се под голем притисок на руските напади на истокот на земјата, кажа претседателот Володимир Зеленски синоќа во обраќањето до нацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски кажа дека воениот врв особено детално ја анализирал ситуацијата околу Покровск во Доњецката област.

„Таа област останува во фокусот на руските напади“, кажа Зеленски. „Мора да се направи сè за да се зајакнат одбранбените позиции на Украина во регионот“.

Украинскиот лидер изрази „особена благодарност“ до сите трупи кои ги нападнале руските бази и логистиката на окупираните територии, не наведувајќи конкретни трупи.

„Окупаторот мора да почувствува дека ова е украинска земја“, кажа Зеленски.

Повикувајќи се на воени извори во Киев, украинските медиуми вчера јавија за ракетен напад на воен аеродром на Крим, црноморскиот полуостров кој Русија го анектираше во 2014 година.

Руското министерство за одбрана не го коментираше нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ