недела, 21 јули 2024

Здружението „Ванчо Михајлов“ не постои, Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на неговиот Статут

Објавено на

часот

Сподели

„По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата“, информираше портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Подносителот на иницијативата, политичката партија Левица бараше поништување на актите со наводи дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според партијата, тие се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

„Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост“, појасни Беловска пред новинарите.

Предметот по оваа иницијатива е оформен кон крајот на минатата година.

Беловска соопшти дека е оформен и предмет во кој се оспорува Програмата за работа и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари, ,,Цар Борис III” – Охрид.

„Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиноски. Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти“, додаде Беловска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ