петок, 18 октомври 2024

Заврши Кампот за високотехнолошка извонредност на Македонија 2025

Успешно заврши четвртото издание на Кампот за високотехнолошка извонредност во Охрид во организација на Македонија 2025. Кампот за високо-технолошка извонредност беше еднонеделна програма за унапредување на вештини по роботика, програмирање и кодирање, кој е комбинација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика.

Објавено на

часот

Сподели

„Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и соработка (работа во парови/групи), ги охрабрувавме и поттикнувавме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат модели согласно шеми. Учесниците беа изложени на напредни технологии и современи методи, кои ги подготвуваа за идните предизвици во високотехнолошкиот свет, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и во крајна линија да придонесеме кон поттикнување на нивниот интерес за продлабочување на СТЕМ образованието и развој на кариера во оваа област“, изјавија организаторите.

Од друга страна, специфичноста на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе од 11-15 години со македонско потекло од дијаспората и млади од нашата земја, да воспостават долготрајни пријателства и да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, но и чувството за одговорност и враќањето кон заедница. Преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети, учесниците добија уникатно искуство кое ќе го паметат целиот живот.

„Особено бевме среќни што изминативе години успеавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар и други земји. Оваа година, бевме домаќини на 21 дете од Македонија и од дијаспората, вклучувајќи учесници од САД, Катар, Италија, Хрватска, Шведска и Малта“, изјавија организаторите.

Kампот, како и изминатите три години, е под покровителство на претседателот на државата Гордана Сиљановска Давкова. При посетата таа на учесниците им порача: „Со стекнатите искуства и знаења, вие сте најмладите амбасадори и промотори на Македонија. Ви посакувам секогаш да размислувате позитивно, да продолжите да се надградувате и да се изградите во лидери со самодоверба, но и самокритичност, кои ќе создаваат подобра иднина со употреба на технологијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ