четврток, 18 јули 2024
Пресуда на Основниот кривичен суд Скопје

Затвор од 2 и пол години за Мухамед Зекири

Објавено на

часот

Сподели

Според пресудата која денеска ја објави судијката Фанка Јанчуловска Михаиловски, осомничениот Мухамед Зеќири извршил две временски поврзани дејствија преку кои како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист.

„Мухамед Зеќири виновен е затоа што од април 2021 до март 2022 година, во својство на генсек извршил две временски поврзани дејствија. Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата Интерхолдинг на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ