Во акцијата, како што информира Општина Ѓорче Петров, учествуваа екипи на ЈП „Национални шуми“, градоначалникот Александар Стојкоски, општинската администрација и раководството на компанијата „Адинг“.
Градоначалникот Стојкоски потенцирал дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина.
„ Пошумувањето не е само обврска, туку инвестиција во иднината на нашата заедница. Благодарност до сите кои се вклучија и покажаа дека заедно можеме да постигнеме големи резултати“, порачал градоначалникот Стојкоски.
„ Опожарените површини во атарот на Кучково, кои со години беа еколошки проблем, сега добиваат нов живот, благодарение на заедничкиот ангажман на локалните власти, институциите и приватниот сектор. Оваа акција е доказ за тоа како преку соработка може да се постигне значителна промена во насока на зачувување и обновување на природата. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со вакви иницијативи, кои имаат за цел да го направат регионот позелено и поздраво место за живеење“, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.