петок, 6 декември 2024

Германците имаат план во случај на војна со Русија

Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и воени сценарија што директно би влијаеле на земјата. Според весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ), Бундесверот развил стратегиски документ наречен „Оперативен план Германија“, во кој детално се разработени улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на оружен конфликт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од клучните елементи на овој план е соработката со приватниот сектор за да се осигури снабдување и одржување на функционалноста на клучните сектори во случај на криза. Неодамна во Хамбург се одржа средба со претставници на логистички компании, на која воените власти презентираа насоки за подготовка во кризни ситуации. Беше истакнато дека логистиката ќе има клучна улога во овозможувањето мобилизација на силите и зачувување на стабилноста во земјата. Според ФАЗ, Бундесверот составил листа на приоритетни објекти и инфраструктура што треба да бидат заштитени во случај на војна, вклучувајќи транспортни центри, магацини и енергетски системи.

Според сценариото што предвидува одговор на НАТО на потенцијален конфликт со Русија, планирана е мобилизација на дури 800.000 војници и 200.000 возила преку германска територија. Јасно е дека за таква операција е потребно исклучително прецизно планирање и координација со цивилниот сектор, пишува ФАЗ.

Овие мерки доаѓаат во контекст на растечките геополитички тензии, особено по руската инвазија на Украина.

Освен Германија, и други европски земји ги засилуваат подготовките за непредвидливи сценарија. Нордиските земји, како што се Шведска, Финска и Норвешка, исто така ги советуваат своите граѓани како да се подготват за потенцијални кризни ситуации, вклучително и обезбедување основни залихи со храна и вода.

Германското Министерство за одбрана редовно ги ажурира своите планови, приспособувајќи ги на промените во безбедносната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ