понеделник, 25 ноември 2024

Започна пошумувањето долж сливот на Црн Дрим за да се ублажат последиците од климатските промени

Општина Дебар, која е вклучена во многу значаен проект поврзан со ублажување на климатските промени на национално и меѓународно ниво, ја реализира првата активност, пошумување во атарот на селото Татар Елевци.

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за имплементација на Меморандумот во соработка со меѓународната организација ЦНВП, кој меѓу другото предвидува и пошумување долж сливот на реката Црн Дрим чии води имаат меѓународен карактер, бидејќи се влеваат во реката Бел Дрим во Албанија и завршува во Јадранско Море. Го реализиравме првото пошумување кај селото Татар Елевци, активност во која беа вклучени вработени од општинската администрација, потоа подружницата Стогово на Национални шуми, како и граѓански асоциации“, информираше градоначалникот Хекуран Дука.

Според него, по првото пошумување со кое се опфатени три хектари, активностите за пошумување ќе продолжат и во наредните месеци, во зависност од временските услови.

„Интегрираното управување со шумите (ИФМ) долж сливот на реката Дрим е тригодишен регионален проект и се спроведува од ИЦЕП (Глобална асоцијација за развој) и ЦНВП (Поврзување на природните вредности и народна фондација) финансиран од АДА (австриски агенција развој). Проектот се спроведува на подрачјето на прекуграничниот слив на реката Дрим, кој опфаќа подрачја од Северна Македонија, Албанија, Косово, и Црна Гора. Регионалниот проект ќе го зајакне интегрираното управување со шумите долж сливот на реката Дрим“, додава Дука.

Дообјаснува дека проектот за кој станува збор има за цел да придонесе за ублажување на климатските промени и одржлив развој долж реката Црн Дрим, дека со негова релизиација бидат зголемени социо-економски и еколошки придобивки за локалните заедници преку екосистемски услуги, зајакнати со примена на методите на ИФМ, пошумување и биодиверзитет и оти со истиот се предвидени и други активности како што се оние за заштита од ерозија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ