петок, 18 октомври 2024

Започна фестивалот на полски филм „Висла“ на Киненова

Со проекција на филмот „Брижит Бардо, засекогаш“  во режија и по сценарио на Лех Мајевски, викендов почна претставувањето на полската кинематографија во рамките на фестивалот Киненова. 

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за второ издание на полскиот филмски фестивал „Висла“, кој во партнерство со Киненова до 18 октомври во Скопје ќе ги прикаже и филмовите, „Опасни Господа“ во режија на Мачеј Кавалски, „Под површината“ во режија на Јацек Блавут и „25 години невиност: Случајот на Томек Коменда“ во режија на Јан Холубек.

„Целта на фестивалот ‘Висла’ е да ја претстави полската култура во странство и да ја промовира полската кинематографија“, соопшти организаторот на фестивалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ