четврток, 24 октомври 2024

Започна четвртото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима

Операторот на оштетената јапонската нуклеарна централа Фукушима, ТЕПКО, денеска го започна четвртото испуштање на прочистена радиоактивна вода во Тихиот Океан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како и за време на претходните испуштања, ТЕПКО ќе ослободи 7.800 тони прочистена вода во текот на околу 17 дена, објави Кјодо.

ТЕПКО соопшти дека нивото на радиоактивност во водата што моментално се испушта ги исполнува стандардите поставени од јапонската влада.

Кина, која се противи на ослободувањето на таа вода, го забрани увозот на јапонска морска храна од првото пуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима кон крајот на август.

Двете земји се вклучија во неформални разговори за решавање на проблемот, но не е постигнат значителен напредок, наведува јапонската агенција.

Според ТЕПКО, не се откриени покачени нивоа на тритиум во блиските води од претходните три ослободувања.

Нуклеарната централа Фукушима беше тешко оштетена во разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година.

Се очекува ослободувањето на прочистената радиоактивна вода од нуклеарната централа да трае околу 30 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ