петок, 18 октомври 2024

Запленетото овошје и зеленчук бесплатно се дели за училишта и болници

Објавено на

часот

Сподели

„По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, одржавме средба со Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна.

Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, ЈЗУ специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово“, информираше Горан Трајковски, директорот на ДПИ.

 

  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ