понеделник, 28 октомври 2024

Запленети над 200 килограми тутун, петарди и огномет

Во координирана акција на Царината, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден на пазарите во Тетово и Скопје запленети се 235,5 килограми режан тутун за кој е избегнати плаќање акциза во вредност од над половина милион денари. Од Царинската управа денеска соопштија дека во рамки на акцијата запленет е и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.

Објавено на

часот

Сподели

„Акциите се дел од заедничките активности на институциите што се спроведуваат со цел спречување и пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните“, информираат од Царинската управа.   

Од таму посочуваат дека стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ