четврток, 24 октомври 2024

Западот сака да го заплени рускиот замрзнат имот: Мораме похрабро да удриме на руската воена економија

Европските земји го направија „важниот прв чекор“ со планот за пренасочување на приходите од замрзнатиот руски имот во обновата на Украина, но Г7 не би требало да сопрат на тоа, смета американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД, ЕУ, Јапонија и Канада забранија трансакции со Руската централна банка и министерството за финансии и замрзнаа околу 300 милијарди руски имот. Сега расправаат за негово потенцијално насочување во обнова на Украина која според некои проценки би можела да чини речиси 500 милијарди долари.

Американски и британски функционери предлагаат замрзнатиот имот да се заплени. Британскиот премиер Риши Сунак во неделното издание на Тајмс напиша дека западните држави би требало „да бидат похрабри во конфискацијата на рускиот имот“.

„Мораме похрабро да удриме на руската воена економија. Мораме да бидеме похрабри во запленувањето на стотиците милијарди замрзнат руски имот“, смета британскиот премиер.

ЕУ е повоздржана, стравувајќи од правните последици и можната штета по еврото. Европската комисија предложи во декември да се заплени само заработката на тој имот а главнината да не се чепка.

Околу 200 милијарди долари се блокирани на сметките во Европа, главно во белгиската куќа Еуроклиар.

Американската министерка за финансии Јелен смета дека ЕУ го направила „важниот прв чекор“, но дека не треба да сопре на тоа.

Извршната директорка на Еуроклиар предупреди дека белгиското „средно решение“ според кое рускиот имот би можел да послужи како залог за задолжување всушност е запленување „на мала врата“ и истакна дека и директно и индиректно запленување би можело да ја изложи Еуроклиар на тужби.

Русија веќе предупреди дека може да возврати со заплена на европски, американски и имот на други земји кои ќе се одлучат на таков потег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ