понеделник, 25 ноември 2024

Заменик министерот за економија најавува решение за зголемување на платите во здравството

Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Објавено на

часот

Сподели

Тој најави и интензивирање на социјалните дијалози, како и на состаноците со сите синдикати и невладини организации од областа на трудот, на кои, нагласи, присутен ќе биде и бизнис- секторот.

Синдикатите ги поздравија владините мерки, посебно есенската и училишната кошничка.

„Благодарение на брзото консолидрање на буџетот, подобрувањето на економските параметри и ниската инфлација успеавме да ги исплатиме платите во повеќето поголеми јавни претрпијатија, како: „Македонски шуми“, „Железници“ и „Потшти“. Но успеавме и за пет отсто да ги зголемиме платите во образованието, со најава дека во наредните четири години покачувањето ќе достигне најмалку 46 отсто, со можност овој процент да биде и поголем. Веќе се работи и на решение за здравството. За брзо време ќе слушнете кое решение ќе го понуди Владата во однос на платите во здравството“, истакна Ристески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ