недела, 14 јули 2024

Закерберг да ја објасни педофилската мрежа на Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

Инстаграм дозволил ширење на огромна мрежа на профили кои промовираат и купуваат материјали за сексуална злоупотреба на деца, според истрагата на Вол Стрит Журнал објавена во средата.

Оваа платформа на социјална мрежа им овозможува на корисниците да бараат експлицитни хаштагови, а прекршителите на законот да користат алгоритми за препораки за да промовираат нелегални содржини, пишува порталот „Политико“.

„Се чини дека доброволниот кодекс на Мета во однос на заштита на децата не функционира“, објави вчера Бретон на Твитер. „Марк Закерберг сега мора да објасни и да преземе итна акција“.

Портпаролката на Мета рече дека компанијата има строги политики и технологија за спречување предаторите да стапат во контакт со тинејџери на нејзините платформи. Таа рече дека Мета тимовите откриле 27 мрежи за злоупотреба помеѓу 2020 и 2022 година, додека во јануари оваа година над 490.000 профили биле оневозможени поради кршење на политиките за безбедност на децата.

„Ние континуирано истражуваме начини за активна одбрана од таквото однесување и формиравме внатрешна работна група за да ги испита најновите наводи и веднаш да ги реши“, соопшти компанијата.

Бретон рече дека на оваа тема ќе разговара со Закерберг во седиштето на Мета на 23 јуни за време на неговата посета на САД. Целта на неговата посета е да утврди како компаниите за социјални мрежи, вклучително и Твитер, се подготвуваат да се усогласат со законот на ЕУ за модерирање на содржината, познат како Закон за дигитални услуги (ДСА).

Бретон рече дека Мета ќе мора „да ги демонстрира мерките“ пред Европската комисија по 25 август, кога ДСА ќе почне да се применува на големите технолошки компании. Во спротивно, компанијата може да се соочи со парични казни во износ до шест отсто од глобалните годишни приходи.

Според законот, платформите мора да се справат со нелегалната содржина и да обезбедат децата да се безбедни на платформите. Тие исто така ќе треба да го проценат и ограничат придонесот на своите платформи и алгоритми за големи социјални проблеми како што се ширењето на нелегални содржини и заштитата на малолетниците.

ДСА, исто така, забранува одредени видови насочени реклами на онлајн платформите, како што се оние наменети за деца или кога се користат одредени категории на лични податоци, како што се етничката припадност, политичките ставови и сексуалната ориентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ