недела, 20 октомври 2024
По пукањето во Ист гејт

Закани со бесење кон ранетиот Штекли, министерот Спасовски вели дека истрагата има осомничени лица

Преку социјалната мрежа Тик-ток денеска можеше да се наиде на искажана закана кон Раде Трајковски-Штекли, кој беше ранет во атентатот врз него во трговскиот центар Ист гејт пред три дена и кој, според болнички информации, уште е во сериозна здравствена состојба. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека истрагата е во тек и дека веќе има осомничени лица.

Објавено на

часот

Сподели

Интензивно се работи и се прибираат информации во рамките на штабот формиран во Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР, рече Спасовски.

„Веќе имаме осомничени лица кои би можеле да бидат сторители. Се работи на утврдување на целосните докази и за тоа ќе се информира јавноста. Секако дека идејата и една од можностите при криминалистичките истраги е преку објавување на фотографијата да се добијат што е можно повеќе докази за една таква работа и токму затоа е преземен тој чекор. Во тој правец сметам дека секоја потврдена вест, информација којашто доаѓа од институциите е вистинската информација. Така, многу шпекулации, многу пишувања по социјалните мрежи имало и ќе има – меѓутоа важно е тие информации да ги добиваме од релевантните институции. Секогаш кога ќе имаме нешто ново ќе излеземе во текот на истрагата“, кажа Спасовски во интервју за Канал 5. 

Инаку, преку социјалната мрежа Тик-ток осамна закана кон ранетиот Раде Трајковски – Штекли со пораката дека ќе биде обесен како во Саудиска Арабија.

„Раде првпат се спаси. Вторпат… ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, стои во објавата преку Тик ток. 

Логично е дека објавата е преку лажен профил, а дали е реална или некој само си поигрува, е работа што можеби ќе се обидат од МВР да ја откријат.

Лицето кое пред три дена пукаше во Ист гејт и со повеќе куршуми го рани Трајковски Штекли и уште едно лице кое бее со него, е во бегство, а неговата фотографија од надзорните камери беше објавена и од МВР, но според некои извори, можно е тоа лице да носело маска со човечки лик за да не биде препознаено.

Пред два дена министерот Спасовски рече дека станува збор за пресметки меѓу криминални групи кои, како што нагласи, веќе се речиси разбиени во акциите на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ