четврток, 24 октомври 2024

Захарова за преговорите со Украина: Никој не му верува на Зеленски

Изјавите на Володимир Зеленски и неговата спремност да го продолжи дијалогот со Москва се обид да се промовира неговата „формула за мир“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател и можните преговори со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски претходно кажа дека дозволува можност за преговори со руски претставници за прекинување на конфликтот во Украина, и покрај забраната која ја воведе на преговорите со Мсоква.

„Прво, на Зеленски никој не му верува. Сите совршено разбираат дека тоа е човек кој ќе каже сè за да ја сврти ситуацијата во своја корист. Лице кое умее да лаже. Човек кој може да се откаже од сè, кој речиси се откажа и од својот народ“, кажа Захарова на брифинг за новинарите.

Таа оцени дека такви изјави може да се поврзани со изборната ситуација во Соединетите Американски Држави.

„Погледнете како веднаш почна да му се јавува на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обидот за убиство. Може е ова уште еден таков обид да се промовира таканаречената „формула за мир“, која безуспешно се обидуваат да им ја протуркаат на сите и во нејзината расправа под лажни изговори да вовлечат што повеќе земји“, истакна Захарова.

„Русија не гледа никакви постапки од украинската страна насочени кон решавање на конфликтот“, истакна Захарова.

Зеленски изјави дека постои можност за мировни преговори со претставници на Русија, дури и ако мора да преговара со рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател во 2022 година потпиша декрет со кој се забрануваат какви било преговори со рускиот лидер.

„Ќе бидеме спремни заедно со нашите партнери да разговараме со претставници на Русија. А дали ќе биде вклучен Путин или не – каква е разликата? Ако сакаме да ја прекинеме војната – а ја имаме сета сила да го направиме тоа – и ако светот е обединет околу Украина, ќе разговараме со оние кои одлучуваат во Русија“, кажа Зеленски за Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ