четврток, 24 октомври 2024

Захарова: Не знаеме кој ги носи одлуките во САД, Бајден не знаеше ни каде се наоѓа ни што зборува

Сите луѓе во Соединетите Американски Држави, без оглед дали се неутрални и аполитични или ги поддржуваат демократите или републиканците, се прашуваат како човек во таква ментална состојба управува со голема земја, нуклеарна сила која претендира на местото глобален лидер и во која тие сами за себе, од некоја причина, сметаат дека се држава број еден, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова за одлуката претседателот на САД Џо Бајден да се повлече од претседателската трка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Како таков човек можел да се најде на власт? Тоа е успехот на американската дипломатија. Ние не знаеме, и никој не ни кажува како и каде се носат одлуките“, кажа Захарова, со коментар дека е прашање дали Бајден воопшто го прочитал соопштението за повлекување од претседателската трка на кое стои неговиот потпис, како и дали бил информиран за таквата одлука.

Таа истакна дека сфаќа „зошто сега кружат снимки од Бајден како паѓа на скали на авион или при врачување на некоја награда, диплома“, и потсети дека, гледајќи ја историјата, имало доста владетели со физички инвалидитет, вроден или стекнат.

„Одличен пример е Рузвелт. И кон тоа треба да се однесува без потсмев. Но, тука станува збор за друго нешто. Суштината, пред сè, е во неговата ментална состојба“, објасни Захарова.

Според неа, „главниот фокус сега не би требало да биде на неговата физичка кондиција, туку на ужасното количество злосторства на неговиот тим додека беа на власт“, бидејќи Бајден не можел да сфати ни каде се наоѓа, што зборува, ниту ги сфаќал „злосторничките одлуки кои се однесуваат на целиот свет, а кои за него ги носеле луѓе кои не ги гледаме ни знаеме кои се“.

„И како што денес никој не знае дали тој го прочитал, дали е запознаен со документот кој е објавен (за повлекувањето од претседателската трка), исто така не постои човек на нашата планета кој со сигурност може да каже дека тие милијарди, тоа огромно количество оружје кое без контрола се испраќаше во Украина – дека сите тие одлуки Бајден ги носел самиот, при здрав памет, сфаќајќи ги последиците. Не постои човек кој би можел да каже: „Да, тој тоа го правеше и разбираше што се случува““, порача Захарова.

„Фокусот треба да биде на злосторствата извршени за време на неговиот мандат – неконтролираната испорака на оружје, претворањето на една европска земја во терористичка држава со терористички режим, на колапсот на економиите на земјите од Европската Унија, неконтролираните миграции, бескрајните политички сплетки и загрозувањето на опстанокот на државите од Блискиот Исток“, заклучи портпаролката на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ