понеделник, 28 октомври 2024

Захарова: Москва ќе изгради нов свет, во него нема место за НАТО

Русија денес, во момент кога западниот воен пакт одбележува 75 години од своето основање, кажа дека НАТО се вратило на менталитетот од Студената војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, во односот кон Русија, тој воен блок се врати на поставки од времето на Студената војна“, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

За НАТО нема место во „мултиполарниот свет“ кој Москва се труди да го изгради за да ја прекине американската доминација, но останува во фокусот на руското внимание, додаде таа.

Претседателот на Русија Владимир Путин го почна во 2022 година конфликтот во Украина за да спречи НАТО премногу да се приближи до Русија, а војната го прошири западниот воени пакт во кој влегоа Финска и Шведска, па бројот на членките на НАТО порасна на 32 земји.

Министрите за надворешни работи на Северноатлантската алијанса се сретнуваат денес во Брисел каде треба да разговараат за предложи за подиректна координација во снабдувањето на Украина со оружје, муниција и опрема. Западот тврди дека ѝ помага на Украина во борбата за независност.

Захарова возврати дека историјата на НАТО е „полна со агресивни авантури кои донеле војни и разурнувања во многу земји“ и дека годишнината од формирањето на воениот пакт не е причина за славење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ