вторник, 22 октомври 2024

Захарова: Многу европски гласачи се изјаснија против русофобната политика на ЕУ

„Изборите за Европскиот парламент се одвиваа во услови на строги ограничувања, непостоење фер конкуренција и „чистење“ на информациското поле од алтернативни избори на информации и незауздана антируска кампања“, се истакнува во официјалниот коментар на портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова за резултатите на изборите за Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, политичките сили кои се против конфронтацијата со Русија биле изложени на дискриминација, притисоци и вознемирување.

„Во значителен дел од земјите членки на Европската Унија гласањето доби изразено протестен карактер и поради поддршката на опозициските партии, и поради демонстративно ниската излезност“, додаде Захарова.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека изборите за Европскиот парламент покажале дека во европските земји расте популарноста на десничарските партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ