недела, 20 октомври 2024

Захарова: Додека Америка прави глупости, други чистат зад нив

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, зборувајќи дека Соединетите Американски Држави не испраќаат свои сили во Израел, оцени дека „сè ќе исчистат сите останати“.

Објавено на

часот

Сподели

„Со други зборови, што можеа – веќе направија. Сега, како впрочем и секогаш, ќе исчистат сите останати“, порача Захарова на Телеграм.

Таа потсети на финансиската криза во 2008 година, предизвикана од колапсот на американскиот пазар на недвижности. Според неа, светската економија пропаѓаше со месеци по тој крах, а планетата мораше да ја спасува специјално формираната за таа цел групата Г20.

„И така секој пат. Додека исклучителните прават глупости во „преубавата градина“, „џунглата“ пати поради смрдеата и чисти по цивилизираните“, истакна портпаролката, алудирајќи на изјавата на шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел кој пред некое време Западот го нарече „градина“, а остатокот од светот „џунгла“.

Координаторот за стратегиски комуникации во американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирви претходно изјави дека Вашингтон не планира да војува во Израел.

Захарова оцени и дека САД, кои имаат значителен разузнавачки потенцијал на Блискиот Исток, не можеле да не знаат дека се спремаат конфликти во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ