недела, 20 октомври 2024

Загина познат руски поет и голем критичар на Путин – го удри автомобил во Москва

Рускиот поет Лев Рубинштајн, водечка фигура на советската „андерграунд“ книжевна сцена, почина неколку дена откако го удри автомобил, објави неговата ќерка.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Рубинштајн се смета за еден од основачите на рускиот концептуализам, авангардно книжевно движење што ја исмеваше официјалната доктрина на социјалистичкиот реализам во 1970-тите и 1980-тите. Поетот создаде свој жанр, помеѓу поезијата и театарот, пишувајќи кратки реченици на перфорирани картички и читајќи „песни-картички“ на бината.

„Мојот татко, Лев Рубинштајн, почина денеска“, напиша неговата ќерка Марија на блогот, пренесоа руските медиуми.

По распадот на СССР, Рубинштајн стана познат и неговите дела беа широко објавувани. Тој беше отворено непријателски настроен кон рускиот претседател Владимир Путин и редовно протестираше против засилувањето на репресијата и кршењето на човековите права од страна на Кремљ, пишува Гардијан.

Кога Русија ја нападна Украина, Рубинштајн потпиша отворено писмо со други истакнати писатели во кое ја осуди „криминалната војна“ и „лагите“ од Кремљ. Рубинштајн не беше уапсен ниту гонет за време на конфликтот во Украина, соопшти организацијата за човекови права Меморијал.

„Неговата трагична смрт во јануари 2024 година, во пресрет на втората годишнина од катастрофата, изгледа горчливо симболична“, додаваат тие. 76-годишниот поет на 8 јануари бил удрен од автомобил во Москва, по што во критична состојба бил пренесен во болница.

Московскиот Оддел за сообраќај соопшти дека „возачот не закочил“ додека Рубинштајн ја преминувал улицата. Според првичните информации, осомничениот возач за 12 месеци сторил 19 сообраќајни прекршоци, соопштија од Секторот. Властите покренаа истрага за несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ