вторник, 16 јули 2024
Неофицијални информации

За убиството на Вања се бара Палчо, сомнежите се дека избегал во Турција

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека петмината приведени имаат врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Девојчето исчезна на 27 ноември, а Панче на 24 ноември. Телото на Вања е пронајдено во околината на Скопје, а телото на Панче во околината на Велес.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е користољубие. Според обвинителот, сите осомничени се Македонци. 

За Жежовски велешани велат дека бил витален, дека немал никакви здравствени проблеми и  бил познат по својата професија, фризер и како кандидат за градоначалник од партијата Единствена Македонија. Тој живеел сам. 

Панче

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка е исчезната. На 27 ноември во 11 часот во ПС за општа надлежност Центар од страна на таткото е пријавено дека на 27 ноември во 7.27 часот неговата малолетна ќерка веќе излегла од станот којшто е на улица „Наум Наумовски – Борче“ и се упатила до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Денеска МВР објави дека Вања околу 10 часот истиот ден кога била киднапирана била убиена. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ