четврток, 24 октомври 2024

За Таравари формирањето на партијата на Меџити не е ризик за Алијанса за Албанците, оптимисте е околу уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

„Воопшто не го гледам тоа како ризик. Ние имаме свои структури. Ја покриваме целата територија на државата каде живеат Албанци, така што засега не гледам никаква опасност, секој има своја траекторија во политиката“, рече Таравари во изјава за медиумите по настанот на кој беа доделени дипломи на лица со посебни потреби и невработени лица.

На Меџити му посака успех и изрази надеж дека ќе го реализира она што го планира. 

Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде промовирано на 13 август. Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат подготвени за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат подготвени за секаков вид на предизвици што можат да се појават во меѓувреме.

Таравари е оптимист дека уставните измени ќе поминат во парламентот, а доколку не добијат поддршка тогаш во партијата ќе ги разгледуваат натамошните чекори.

На новинарско прашање, Таравари околу претстојната седница на Собранието на која ќе се расправа за измени на Уставот го пренесе ставот на партијата.

„Очекувам за две недели да се одржи пленарна седница во парламентот за уставните измени. Во таа насока АА минатата недела имаше состанок на централното претседателство на која беше разгледано ова прашање. Воопшто не стана збор за напуштање на владината коалиција и излегување од владата. Пред сè, битно ни е да поминат уставните промени и сè уште сме оптимисти дека ќе поминат. Доколку не, тогаш во склад и со текот на настаните потоа, партиските тела ќе решаваат“, рече Таравари.

Според него, предвремени избори не се опција бидејќи како што потенцира, ноември и декември не се добар термин за избори.

„Набрзо во март-април ќе има претседателски избори, па затоа не треба да има ниту парламентарни во јули. Организирање на два круга избори во краток период е нерационално и ќе чини многу пари, но, сепак за да има парламентарни избори потребен е консензус на политичките партии“, подвлече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ