среда, 23 октомври 2024

За Сириза и продажбата на грчки лигнит за Македонија е хипокризија на Aтина

Грчката опозициска партија Сириза денеска во грчкиот Парламент ја оспори зделката за продажбата на грчки лигнит за потребите на Македонија, го отвори прашањето за енергетското поврзување меѓу двете земји, а повторно под прашање се става непочитувањето на Преспанскиот договор.

Објавено на

часот

Сподели

Според грчките медиуми, прашањето за продажба на грчки лигнит за Македонија се отвора по поскапувањето на струјата во Грција, но по промената на власта во Македонија која „отвора нови прашања во односите меѓу двете земји“ и можно доведување во прашање на Договорот од Преспа. Пратениците на Сириза прашуваат „дали продолжува продажбата на лигнит од грчките рудници за Северна Македонија, во колкави количини и по која цена? Колкав е моменталниот трошок за напојување и дали се обезбедени потребните резерви за работа со лигнитни блокови? Во која фаза е проектот за соработка за енергетска интерконекција на двете земји по смената на власта во соседната земја?“

Пратениците на Сириза дискутираа и за лицемерието на грчката влада во однос на заштитата на животната средина со извозот на лигнит во Македонија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ