среда, 30 октомври 2024

За повеќе од 2.000 евра зголемени платите на директорите во Европарламентот

Шеснаесет директори во Европскиот парламент од денеска ќе земаат плати повисоки за над 2.000 евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според записникот на Бирото на Парламентот на ЕУ што го анализирал Политико, одобрено им е зголемување на нивото за плата од класата 14 на 15, што е втор по висина ранг во таа институција.

Весникот објаснува дека наместо досегашните 16.569,31 евра месечно, од денеска ќе заработуваат по 18.747,14 евра.

„Не коментираме поединечни случаи, но персоналот во сите институции редовно напредува од едно во друго одделение“, соопшти прес-службата на Европскиот парламент.

Станува збор за 16 директори од различни области, кои, како што стои во решението, „имаат право на унапредување по најмалку три години во класата 14“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ