недела, 20 октомври 2024

За половина век, површината на глечерите во Перу е намалена за 56 отсто

Објавено на

часот

Сподели

„Од 1962 година, перуанските Анди загубија 1.348 квадратни километри глацијална површина, што претставува загуба од 56 отсто“, се вели во соопштението, пренесува Фигаро.

Се додава дека глечерот Пасторури, кој се смета за еден од најскапоцените елементи на националниот парк Хуаскаран, изгубил повеќе од 50 отсто од својата површина.

„Ова е реалноста на климатските промени“, рече министерката за животна средина Албина Руиз.

Перу сега има 8.466 глацијални езера на површина од околу 1.080 квадратни километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ