понеделник, 28 октомври 2024

За пет часа тетовската полиција казни 16 пијани возачи и 13 други прекршители на сообраќајните правила

Во акциската контрола спроведена на подрачјето на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска од 23 до 4 часот биле откриени и санкционирани 16 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

„Кај најголемиот број од нив биле измерени од 1 до 1 и пол промили алкохол во организмот. Сите возачи-прекршители кои управувале под дејство на алкохол веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби, кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено им се  одземени и возачките дозволи. При контролата биле откриени и со соодветни поднесоци заокружени и 13 други видови сообраќајни прекршоци“, информираа од СВР Тетово.

Оттаму велат дека контролите ќе продолжат и апелираат до возачите да не консумираат алкохол доколку управуваат возила или ако веќе консумирале да не седнуваат зад волан.

„Алкохолот мошне негативно влијае на способноста за безбедно управување, а ја доведува во ризик и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ