понеделник, 21 октомври 2024

За одбраната доказите покажуваат дека обвинителката го губи тлото во случајот против Жан Митрев

Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил. Дали сето ова упатува на тоа дека сите обвинувања кон Жан Митрев се базирани на лажни информации и организиран заговор, коментира порталот Нетпрес.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителка во случајот против Жан Митрев е Искра Хаџи Василева која на последното рочиште презентирајќи ги материјалните докази самата рече дека болницата на пациентите им вратила 34.995.700 денари односно 569.000 евра, депонирани средства на пациентите на кои не им била извршена хемофилтрација иако тие средства биле депонирани за да се изврши хемофилтрација.

А Митрев е обвинет токму за тоа дека хемофилтрацијата ја применувал со намера и умисла да прибави противправна имотна корист за клиниката. „Тогаш е апсурдно да им врати на пациентите 569.000 евра кои тие ги депонирале. Ова го поставува прашањето дали измамник којшто пациентите наводно ги довел во заблуда да му дадат 570.000 евра би им ги вратил парите или со тоа обвинителството всушност докажува дека немало намера, ниту умисла туку нормален процес на здравствени услуги и кој е тој измамник што ги добил парите со заблуда, ама ги враќа“, пишува Нетпрес.

Обвинението се однесува на измама на пациенти, а главните сведоци во досегашните сведочења кажаа дека им се вратени средства. Тоа го изјавија и членови на семејството Брезеви, од каде се лечеле 5 члена, дека им  се вратени 26.000 евра и дека самите барале хемофилтрација иако од докторскиот конзилиум биле одбиени. Другиот сведок во овој случај ја тужи клиника Жан Митрев за смртта на својот брат, иако тој починал во друга клиника. А третиот сведок клучно го менува исказот дека се почувствувал измамен и оштетен откако пред сите потенцијални сведоци обвинителката Хаџи Василева јавно им ја чита Наредбата за истрага со што им влијае дека се измамени и оштетени.

На рочиштето и самата обвинителка потврди дека им ја читала групно Наредбата за истрага, во која таа напишала дека се измамени од д-р Жан Митрев и тоа им го чита на сведоците, а потоа им зема исказ. Оваа постапка на обвинителката експертот по кривично право проф. д-р Гордан Калајџиев ја оцени како укажување на монтиран процес посочувајќи дека не е ниту законито, ниту пак професионално да им сугерира на сведоците дека се измамени односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ