петок, 18 октомври 2024

За Никоб обезбедување информациите на Гласен текстилец се тенденциозни  

Објавено на

часот

Сподели

„Деловната одлука на корисникот на услуги е надвор од наша можност на влијание. Станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24 часовен на 12 часовен и од тие причини вработените во дирекцијата за физичко обезбедување на Никоб што беа ангажирани да ги обезбедуваат објектите на државната управа мораше да бидат прераспределени на други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување.
Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на
можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не.
Компанијата Никоб обезбедување останува посветена на високите стандарди за работа и
давање на врвни услуги од нашиот домен на работа. Ние и понатаму ќе одговараме на барањата на сите клиенти согласно склучените договори, според нашите високо професионални стандарди.
Создавањето искривена перцепција кај јавноста не е реалната слика и вистинска
информација за состојбите поврзани со конкретниот настан и не е во ничија корист.
За сите останати прашања вработените може во секое време да се обратат во секторите на компанијата, што е веќе 25 години воспоставена пракса. Ова е единствениот начин на кој се создава добра пракса и доверба“, се вели во реакцијата на Никоб обезбедување.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ