понеделник, 25 ноември 2024

За Лога, поранешниот министер за правда, нема проблем со молитвата во Собранието

Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници, се вели во реакцијата на Кренар Лога, поранешниот министер за правда и актуелен потпретседател на Алијансата за Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

„Досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од Скопје 2014 без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа аеродромот во Охрид со верско име, и тоа Свети Апостол Павле II. Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој. Поддршка за денешната активност во Собранието на РСМ по повод годишнината од Сребреница“ се вели во реакцијата на Кренар Лога, потпретседател на Алијансата за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ