сабота, 26 октомври 2024

За брзо возење казнети 176 возачи

Со радарска контрола на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција регистрира 176 возачи кои ја надминале дозволената брзина на возење, од нив 42 возачи се казнети во Скопје,

Објавено на

часот

Сподели

МВР посочува дека девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а дека 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои 42 за непочитување на брзината на движење, 14 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, четири мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ