петок, 18 октомври 2024

За 24 часа регистрирани 22 пожари, сѐ уште гори кај Тажево и Јасен (ВИДЕО)

Вкупно 22 пожари се регистрирани во последното деноноќие од кои 2 се сѐ уште активни, информираа претпладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на ЦУК, активен е пожарот во Општина Македонски Брод кај селото Тажево, на кракот што води кон село Белице и кон Националниот парк Јасен. Гори борова шума. Вториот регистриран активен пожар е во Општина Липково кај селото Метејче каде гори ниска вегетација и деградирана шума.

Како што информираат од ЦУК под контрола се два пожари во Општина Штип. Првиот е кај армискиот полигон Криволак, пожар кој се шири кон селата Црешка и Пенуш и каде гори ниска вегетација и вториот е помеѓу селата Селце и Драгоево каде гори мешана шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 18 пожари. По еден во општините Петровец, Илинден, Арачиново, Сарај, Аеродром,  Крива Паланка, Брвеница, Кочани, Виница и Пробиштип, а по два пожари во општините Прилеп, Струмица, Куманово и Свети Николе. Во овие пожари горела ниска вегетација, ѓубре и запалени депонии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ