понеделник, 28 октомври 2024

За 24 часа пријавени три случаи на семејно насилство во Скопје и Струга

Во полиција вчера и утрово биле пријавени три случаи на семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, во првиот случај утрото, еден час по полноќ во СВР Скопје, 38-годишна жена пријавила семејно насилство.

Според пријавата, жената синоќа околу 19:30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг, свекрва и золва, сите од Скопје.

Во вториот случај, пак, вчера во 18 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена пријавила дека околу 13:50 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг.

Во денешниот МВР-билтен се наведува дека СВР Охрид поднел кривична пријава против У.Д. од Албанија, со привремен престој во Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

На 1 ноември 2023 година во домот во Струга во кој престојувале, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.  

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ