четврток, 24 октомври 2024

Вучиќ: Трамп е фаворит, кампањата на Камала Харис ќе ја носи Мишел Обама

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија со внимание ги следи американските избори, и дека сака да има најблиски контакти со кабинетот на Доналд Трамп, кандидатот на републиканците, кого го смета за фаворит на претстојните избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со внимание гледаме сè, се обидуваме да имаме најблиски контакти и најблиски односи со луѓето од опкружувањето на претседателскиот кандидат Трамп, нормално и да имаме однапред подготвени односи со луѓето од штабот на Камала Харис“, кажа српскиот претседател.

Коментирајќи го повлекувањето на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден од изборната трка, кажа дека потпретседателката Камала Харис, фаворитетот на демократите за кандидат, нема шанси против Трамп, кого Вучиќ го смета за фаворит на изборите.

„Верувам дека тоа ќе биде еден од понеизвесните натпревари“, кажа тој и додаде дека има сознанија дека кампањата на Камала Харис ќе ја „носи“ Мишел Обама, сопругата на поранешниот претседател на САД Барак Обама.

Бајден ја поддржа Харис за нова кандидатка на демократите на претседателските избори во ноември.

„Колеги демократи, одлучив да не ја прифатам номинацијата и сета своја енергија да ја насочам кон функцијата претседател до крајот на својот мандат“, напиша Бајден на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ