недела, 27 октомври 2024

Вучиќ: Што ми вели Путин? Ништо, не сме се слушнале две и пол години

Во телевизиско гостување во емисијата „Хит твит“ на Пинк, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за војната во Украина, за „плановите на Западот да почне конфликт со Русија“ и за тоа дека „странските претставници често го прашуваат што вели рускиот претседател Владимир Путин“, пренесува Нова.рс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо не ми вели, се немам слушнато со него две и пол години“, рече Вучиќ, а потоа додаде дека без разлика на тоа, тој може да разговара со Путин кога сака.

„Секогаш кога посакав да разговарам со него, и утре да посакам да разговарам, претседателот Путин би разговарал. И тој ако посака. Ми се чини дека тој води сметка за позицијата на Србија. Мислам дека претседателот Путин не сака да бара таков вид разговор, иако е смешно тој како претседател на моќната Русија да бара разговор со некој како мене, но дури и би го побарал тоа да не мисли дека може да ме загрози и да не го сфаќа притисокот под кој би биле ние“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ