„Би ми била голема чест за 80-годишнината од ослободувањето од фашизмот да бидам во Москва“, истакна српскиот претседател.
Тој додаде дека и словачкиот премиер Роберт Фицо, кој е во официјална посета на Србија, ќе присуствува во Москва.
Вучиќ истакна дека српскиот народ е единствениот народ во овој регион кој од почетокот, покрај грчкиот народ, кој целосно и од почетокот на воениот конфликт бил на страната против нацизмот.
„И затоа српскиот народ има и дополнителна обврска да ја чува вистината за борбата против фашизмот. Но далеку е 9 мај. Но му се заблагодарувам на (рускиот претседател Владимир) Путин на повикот и јас му кажав, доколку нешто не се случи, дека радо ќе присуствувам на тој настан“, кажа Вучиќ.