петок, 6 декември 2024

Кузеска: Власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и автомобили

Без аргументи и без било какво чувство за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните соочени со големи поскапувања и раст на трошоците за живот ДПМНЕ ги одби амандманите на СДСМ за покачување на платите, истакна на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече, одбиени се амандманите за поголема плата за работниците, одбиен е амандманот за покачување на платите на полицајците за 20 проценти, на пожарникарите, на платите во образованието.

„Гледаме анти-социјални политики на Мицкоски и ДПМНЕ враќање на моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила. Се што е предлог за покачување на плати власта го одбива. СДСМ поднесе предлог-закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но ВМРО-ДПМНЕ и тоа го одби“, изјави Кузеска.

Од СДСМ велат дека според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци. Синдикалната кошничка е зголемена за 722 денари само за еден месец. Сето ова, како што рече Кузеска, се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите.

Нагласи дека додека ВМРО-ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите. Со тоа, за нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра, рече Кузеска, и оцени дека тоа е апсурдно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ