четврток, 12 декември 2024

Трамп го сака Гренел за посредник помеѓу Русија и Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за назначување на поранешниот американски претставник за Западен Балкан, Ричард Гренел, за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на четири неименувани извори.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Гренел, кој беше и американски амбасадор во Германија, ќе одигра клучна улога во напорите на Трамп да стави крај на војната, доколку тој конечно биде избран на функцијата.

Иако во моментов нема специјален претставник на САД посветен исклучиво на решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, изворите посочуваат дека Трамп ја разгледува можноста за воспоставување на таква функција.

Истите извори, сепак, напоменуваат дека не е сигурно дека Гренел би ја прифатил понудата.

Трамп за време на предизборната кампања вети дека брзо ќе стави крај на руско-украинскиот конфликт, иако не прецизираше како ќе го постигне тоа. Некои од ставовите на Гренел би можеле да предизвикаат загриженост кај украинските лидери, наведува Ројтерс.

За време на тркалезната маса на Блумберг во јули, тој предложи создавање „автономни зони“ како решение за конфликтот.

Тој, исто така, го посочи своето противење на членството на Украина во НАТО во блиска иднина, позиција што ја дели со многу сојузници на Трамп. Гренел не одговори на барањето за коментар за наводите.

За време на изборната кампања на Трамп, тој беше еден од водечките кандидати за министер за внатрешна безбедност, но на крајот за оваа функција беше избран сенаторот од Флорида, Марк Рубио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ