Вучиќ за Радио-телевизија на Србија (РТС) изјави дека нема да разговара со Курти затоа што „разговорот со него нема никаква смисла“.
„Тој држи проповеди малку за филозофијата, малку за Енвер Хоџа, малку за Маркс, тоа е се. Сè останато се однесува на прогонот на Србите. Ние во Србија немаме проблем да разговараме со никого, јас денеска ќе одам во Брисел да разговарам со Борел колку сака, немам намера да разговарам со Курти“, изјави тој.
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, соопшти дека ги поканил Вучиќ и Курти на итна средба во Брисел за да се најде решение и излез од актуелната криза.
Борел на Твитер порача дека на сите ѝм е потребна итна деескалација, како и нови избори на северот.
„Потребна ни е итна деескалација и нови избори на северот со учество на косовските Срби“. Ова е најважно за регионот и за ЕУ“, изјави Борел.