Претседателот на Србија порача дека нема да оди во Брисел за да го продолжи дијалогот со премиерот на Косово, Аљбин Курти.
Тој ова го изјави по средбата со унгарската претседателка Каталин Новак и премиерот Виктор Орбан во српскиот град Палиќ.
Двете делегации ја одржаа првата седница на Стратегиската алијанса за соработка, а министрите на двете влади потпишаа 12 договори за соработка. Настанот, кој, како што истакнуваат државниците на двете земји, ги покажува историски најдобрите односи меѓу Србија и Унгарија, остана во сенка на актуелната ситуација на Косово и предлогот на унгарскиот премиер Србија да ги ослободи уапсените косовски полицајци.